Баер Леверкузен во сензационалната сезона веќе го осигура првиот трофеј освојувајќи ја Бундеслигата по вчерашниот убедлив триумф над Вердер Бремен и тоа на пет кола пред крајот на шампионатот. Со тоа воедно беше прекината и децениската доминација на Баерн Минхен, а и освоена првата титула во 119 години долгата историја на клубот.
Тоа беше повод за бурно славје на теренот и во соблекувалната, а сигурно продолжило и надвор од него па капитенот на тимот, голманот Лукас Храдечки се надева нека прославата нема да биде до тоа ниво за да загуби дел од меморијата.
„Не знам која е нашата тајна да бидам искрен. Ова е фантастичен тим полн со одлични поединци, полн со квалитет и со вистински тренер. Тоа што го покажавме оваа сезона сигурно ќе биде забележано во книгите по историја, но сакаме да продолжиме. Никогаш нема да го заборавам овој ден. Се надевам дека нема да испијам толку многу што ќе заборавам делови од него“, вели капитенот и голман Храдечки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА