Се налути газдата: Пандев и соиграчите во карантин, нека заборават на семејствата

Огромната резултатска криза во која падна Џенова придонесе претседателот Енрико Пречиози да се реши да организира карантин за своите фудбалери, како казна за очајните изданија во последните 18 кола, во кои тимот на нашиот Горан Пандев забележа само една победа. Ваквата слаба форма придонесе Џенова да падне во опасната зона на табелата, со само пет бода предност во однос на Кротоне на 18. позиција, а очекувањата се една победа да биде доволна за избраниците на Јуриќ и во следната сезона да бидат дел од елитното италијанско фудбалско друштво.

Ни треба една победа за опстанок и мораме што поскоро да ја забележиме. Веќе не можеме да молчиме и да глумиме дека ништо лошо не се случува. Зборував со играчите и им кажав – одат во карантин и нека заборават на своите семејства. По дуелот со Интер експресно ќе се оди на Сицилија, па потоа повторно во карантин… се додека не ја забележиме победата што ја посакуваме. Ако не успеат да победат ниту еднаш, ќе останат во карантин до 28 јуни“ – изјави налутениот претседател на Џенова.

Еден од ретките кои блескаат во овој кризен период е нашиот Горан Пандев, кој постигна голови на двете последни домашни средби на Џенова, против Лацио и Киево, на кои неговата екипа сепак освои само еден бод.

Се вчитува...