Откако претходно беше одложен натпреварот на Вардар со норвешки Елверум во Лигата на шампионите, пред одложување е и дуелот со унгарски ПИК Сегед кој „вардарци“ треба да го играат на 1. октомври на гостински терен.
Комплетниот тим на ПИК Сегед е во целосен карантин поради нов позитивен случај на Ковид-19 по натпреварот со Кјелце.
Унгарците имаа шест позитивни ракометари на коронавирусот уште пред дуелот со Кјелце, но и по тој меч на најновите тестирање утврдени се нови позитивни поради што целиот тим е во изолација, се до новите тестирања на сите ракометари.
Од ПИК Сегед веќе ги информирале и Вардар и ЕХФ за најновата ситуација, поради што запрена е и продажбата на билетите за 1. октомври, поради што апсолутно е неизвесно одигрувањето на натпреварот во овој термин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА