СЕ ОДМОТУВА КЛОПЧЕТО – Сите детали околу „местенката“ на мечот ПСЖ – Ц. Звезда

По информацијата на француски „Л’Екип“ кој тврди дека натпреварот од Лигата на шампионите меѓу ПСЖ и Црвена Звезда е наместен, веќе сериозно се „одмотува клопчето“ околу целиот случај.

Па, сега голем дел и од српските медиуми пренесуваат детали околу начинот на кој е договорен натпреварот. И покрај негирањата од двата клуба претходно од „Л’Екип“ тврдеа дека информациите за истрагата за мечот кој заврши со победа на ПСЖ од 6-1 им се потврдени од три извори меѓу кои и УЕФА и француската полиција.

Сега, „Информер“ пренесува дека Комисијата на УЕФА добила дојава за местење на натпреварот уште седум дена пред одигрување на истиот. Поради тоа дополнително засилено се следени сите активности пред и за време на натпреварот. Притоа, има докази дека се уплатени повеќе од 100 обложувања на суми поголеми од 5.000 евра дека „црвено-белите“ ќе загубат со пет разлика на многу различни места во светот. А, црвениот аларм е запален при обид во Азија за уплата на истото со сума поголема од 200.000 евра.

Во истрагата на Комисијата на УЕФА сега е засилено следен и дефанзивецот на Црвена Звезда, Филип Стојковиќ кој имал на натпреварот сомнителни дури 29 неточни додадавања.

Од Црвена Звезда сите овие наводи категорично ги демантираа. Според нив целата афера ја измислил „доушник“ кој е Србин а кој не му мисли добро на клубот. Од клубот наведуваат дека знаат кое е тоа лице и ќе го кажат на истрагата доколку е потребно.

Се вчитува...