Екипата на Башкими на контроверзен начин со сомнителен гол во последните мигови, освои три бода на гостувањето во Гевгелија. Мечот крена многу прашина, особено што јасно се гледа дека домашните фудбалери стојат и не спречуваат противникот да постигне гол.
Иако имаа негатива на полувремето, сепак, на крајот Башкими дојде до трите бода, кои се многу важни за пласманот во Првата лига.
Со своја реакција се јавија и од ФФМ, каде најавија санкции за двата тима, а исто така се огласи и министерот за спорт, Борко Ристовски кој најави дека ова нема да помине неказнето.
Се огласија и од Башкими, од каде велат дека мечот против Кожуф бил чист, и дека со голема заслуга освоивме три бода.
„Нашиот клуб со највисока одговорност ги известува сите дека како и секој натпревар, вклучително и овој против Кожуф, беше чист и со голема заслуга освоивме три бода, во нашата борба за пласман во Првата лига“, стои меѓудругото во соопштението од Башкими.
Погледнете го уште еднаш контроверзниот гол на гостинскиот тим во Гевгелија:
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА