Се огласи Ѓоковиќ: Се гледаме во Доха!

Новак Ѓоковиќ ја надмина повредата со која се здоби во полуфиналето на првиот грен-слем турнир во сезоната, Австралија Опен и најави настап на турнирот од серијата 500 во Доха преку социјалните мрежи.

Со зборовите „Здраво луѓе, тука Новак. Се гледаме во Доха на серијата АТП 500“ ги воодушеви љубителите на „белиот спорт“ особено во Катар кои на лице место ќе можат да ги проследат мајсториите на Србинот.

Покрај Ѓоковиќ на листата на учесници се најдоа и шест од првите десет тенисери на светот. Ќе настапат и Јаник Синер, Карлос Алкараз, Данил Медведев…

Се вчитува...