Се огласи и Ла Лига: Челниците од Шпанија се против планот на ФИФА за одржување на СП на секои две години

УЕФА и претседателот Александар Чеферин први го изразија своето незадоволство од планот на ФИФА за организирање Светско фудбалско првенство секои две години наместо досега секои четири.

Во протестот кон светската Куќа на фудбалот се приклучија и најголемите европски фудбалски лиги. Според медиумите во Шпанија, Ла Лига испратила писмо до ФИФА дека ваково нешто ќе го уништи домашниот фудбал, бидејќи играчите ќе бидат исфорсирани со натпревари, што ќе придонесе за многу повеќе повреди.

Вакво писмо до ФИФА испратила и Премиерлигата, како и останатите најсилни лиги во Европа. Очигледно планот на ФИФА нема да помине, бидејќи и самите фудбалери изразија незадоволство, бидејќи летниот период најчесто ќе го поминуваат на подоготовки и натпревари наместо да се одморат по една долга и напорна сезона, што трае девет месеци.

Се вчитува...