Се огласи и Лукаку по скандалозната насловна на „Кориере“: Ова е најглупавото нешто што сум го видел!

Фудбалската јавност во Европа остана шокирана по денешната насловна страница на угледниот „Кориере дело спорт“ кој како најава за утрешното дерби меѓу Интер и Рома се појави со наслов „Црн петок“ и фотографија на црномурестите Ромел Лукаку и Крис Смолинг.

Иако уредникот Иван Закарони се обиде да го објасни сето тоа се чини дека не успеа, затоа што покрај големиот број критики, Интер, Милан и Рома одлучија во иднина да го бојкотираат овој весник. По сето тоа се огласи и Ромел Лукаку преку социјалните мрежи истакнувајќи дека едноставно не може да верува во тоа што го видел…

„Место да се фокусираме на пресметката на двата клуба, Кориере дело спорт се појави со најглупавиот наслов кој сум го видел во својата кариера. Тие новинари на таков начин само ги охрабруваат сите расисти. Место да зборуваме за супер-натпреварот кој не очекува ние сега зборувам за ова. Едукацијата е клучот. Вие од Кориере мора подобро да си ја работите својата задача. Им благодарам на навивачите и сите оние други новинари кои дадоа поддршка. Се радувам на утрешниот натпревар“ – напиша Лукаку.

Се вчитува...