Се огласи и Мбапе: Лаги! Веќе реков…

Вчера и денеска топ тема во францускиот фудбал е Килијан Мбапе. Наводно тимот на ПСЖ му поставил ултиматум да го продолжи договорот ова лето, или да биде продаден, со оглед дека идното лето Французинот ќе биде слободен агент.

Се погласни се шпекулациите дека Реал Мадрид ќе плати обесштетување и ќе го донесе на „Бернабе“ одличниот Французин, како замена за Бензема кој веќе го напушти кралскиот клуб и се пресели во Саудиска Арабија.

Сепак, Мбапе се огласи после еден текст од „Ла Паризиен“ дека ќе се пресели во Реал Мадрид, но не кажа ништо за наводниот ултиматум на неговиот клуб.

„Лаги. Веќе реков дека и следната сезона ќе играм во ПСЖ каде што сум среќен“, напиша Мбапе.

Сепак, француските медиуми напоменуваат дека и покрај оваа изјава, ултиматумот и натаму останува, односно нов договор сега или трансфер листа.

Се вчитува...