Се огласи и Пантер околу неговото заминување од Партизан

Во српските медиуми се појави вест дека Кевин Пантер следната сезона нема да биде кошаркар на Партизан.

Дел од медиумите од нашиот северен сосед објавија дека капитенот на Партизан и Макаби од Тел Авив постигнале договор околу финансиските услови за соработка и дека ќе ги напушти црно-белите.

Сепак, нема ништо од тоа, судејќи по објавата на Пантер, тој и следната сезона ќе го носи дресот на Партизан.

Кошаркарот се огласи по тој повод, оставајќи само емотикон со капа, а кога ќе се преведе на американскиот сленг „капа“, тоа значи „лага“.

Се вчитува...