Се огласи и судијата: Кажав „негру“…

Себастијан Колтеску од Романија е судијата што предизвика бура и поради кој вечерва не беше доигран дуелот меѓу ПСЖ и Башакшехир. Гостите од Турција бурно реагираа откако тој побара од главниот судија да го исклучи помошниот тренер Вебо, а кога беше запрашан кого треба да исклучи тој кратко одговори „Negru”.

Овој збор предизвика бурна реакција кај фудбалерите на Башакшехир, најгласен беше Демба Ба, кој веднаш го прогласи Колтеску за расист, а по големиот вербален конфликт гостинските фудбалери се вратија во соблекувалната и повеќе не излегоа на теренот на „Паркот на принцовите“.

„Кажав „Negru“, тоа на романски значи црно. Јас не сум расист“, кратко прокоментира Колтеску во изјава за француската телевизија.

УЕФА објави дека натпреварот ќе продолжи утре во 18.55 часот, од моментот кога беше прекинат. Тимовите мора да продолжат со истите единаесетмина од моментот на прекин, а во меѓувреме ќе бидат делегирани нови судии.

Се вчитува...