Клучниот момент на натпреварот меѓу Бетис и Реал Мадрид (1:0), се случи во судиското продолжение кога по промашениот пенал на Килијан Мбапе, играчот на домаќините ја исфрли топката од пред гол линијата, а тој потег кој предизвика револт кај Кралевите, беше добро проценет.
Играчот на Бетис покажа дека до детаљ ги познава фудбалските правила и поради тоа голем дел од телото му беше во казнениот простор пред Мбапе да го изведе пеналот.
Денеска Бартра објасни како дојде до оваа идеја.
„Пред неколку кола мислам дека беше Гаја направи нешто слично, видов дека потскокна. Прашав пријател кој судеше во третата лига, а сега е во пензија и тој ми го објасни правилото, доколку си во движење, но не ја газиш линијата. Се обидов да го темпирам моментот најдобро што можев. Доколку шутнеше половина секунда порано или подоцна ќе ме фатеа во шеснаесетникот. Сепак, се обидов што подолго да останам на едната нога без да ја згазам линијата и на крајот се испадна добро“, изјави Бартра.
✅ “He ENCONTRADO el TIMMING PERFECTO para PISAR ese AÉREA. Me ha salido BIEN”.
🔥 “He SACADO una con el PECHO que me ha dado MUCHA CONFIANZA”
🟢 Marc Bartra, tras la victoria del @RealBetis.#ZonaMixta pic.twitter.com/qRzPHYqLXI
— Zona Mixta (@ZonaMixta__) September 4, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
