Се огласи Нејмар, останува во ПСЖ

Во првото појавување во јавност по Светското фудбалско првeнство во Русија, бразилската ѕвезда, Нејмар ги отфрли шпекулациите за можно напуштање на Пари Сен Жермен.

„Продолжувам, имам договор со ПСЖ. Отидов таму поради предизвикот, за да најдам нови цели и ништо не е променето.  Бидејќи сите знаат колку сум поврзан со претседателот на клубот и уживам во поддршката од фановите во Франција“ – вели Нејмар кој се појави на хуманитарен настан на неговата фондација.

Нејмар во ПСЖ се пресели минатото лето за рекордна трансфер сума. И покрај бледото издание на Мундијалот во дресот на Бразил, во последниов период тој беше поврзуван со трансфер во Реал Мадрид.

 

 

 

Се вчитува...