Се откажува второто издание од Лигата на нациите: Македонија без натпреварите против Грузија, Естонија и Ерменија!?

Европската куќа на фудбалот за понеделник закажа итен состанок на кој треба да се разгледа ситуацијата со останатите натпреварувања под капата на УЕФА, освен европските клупски натпреварувања и баражите за пласман на ЕП 2020.

Веќе се најавува дека УЕФА размислува да го откаже второто издание од Лигата на нациите кое треба да се одржи во септември, октомври и ноември оваа година. Со оглед на тоа што оваа есен европскиот клупски фудбал го очекува густ распоред лесно може да се случи УЕФА да одлучи репрезентативен фудбал да нема до следната година.

А, бидејќи за следната година веќе е закажано Европското првенство, јасно е дека нема да има простор и време и за второто издание од Лигата на нациите кое, се поизвесно, ќе биде избришано.

Македонија оваа есен треба да игра во Групата 2 од Лигата Ц заедно со репрезентациите на Грузија, Естонија и Ерменија, но овие натпревари сега се под голем знак прашалник. Во секој случај, за македонската репрезентација далеку поважен е плеј-офот од Лигата Д од првото издание на Лигата на нации преку кој посакуваме пласман на ЕП 2020.

Се вчитува...