Следниот преоден рок на „Стемфорд Бриџ“ се очекува да биде со многу турбуленции, по најавите дека од Челси ќе си заминат дури 10 играчи. Некои од оние кои ќе бидат на излезна врата се стандарни првотимци.
Листата ја предводи Енџо Фернандез, кој беше суспендиран поради коментарите и желбата да заигра во Реал Мадрид. Челси го плати 120 милиони евра, и ќе ги бара истите пари ако сака да си замине.
Следниот на листата е стоперот Весли Фофана. Согласно шпекулациите, овој дефанзивец има проблеми надвор од теренот, односно во приватниот живот, и со самото тоа е тешко да постигне хармонија во соблекувалната.
Третиот е Алехандро Гарначо, кој по само една сезона веројатно ќе биде продаден. Тој беше купен за речиси 50 милиони евра. Напаѓачот Марк Гију е исто така на излезна врата, со оглед дека не ја добива посакуваната минутажа. Се пишува дека и Лијам Дилап ќе си замине од клубот, откако голем дел од сезоната е надвор од теренот. Не добива шанса пред Жоао Педро, па така веројатно ќе може да си бара нов клуб.
Потоа пред заминување е Филип Јоргенсен, кој не се покажа како добар избор за втор голман. Николас Џексон по неуспешната одисеја во Баерн Минхен, треба да се врати во Лондон, но за него нема иднина, и затоа веднаш ќе биде ставен на трансфер листа.
Реновирањето во соблекувалната подразбира и заминување на Беноа Бадиајашил, потоа од одбраната заминуваат и Тосин Адарабиојо и Алекс Дисаси. Сите тројца може да добијат „билет во еден правец“ од Челси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

