Квалификациите за Европското првенство завршија, останаа уште натпреварите до плеј-офот, по што ќе бидат познати и последните три учесници на ЕВРО 2024 во Германија.
Светското првенство во 2026 година во Северна Америка, каде домаќини ќе бидат Канада, САД и Мексико за првпат ќе има 48 репрезентации, кои ќе бидат поделени во 12 групи по четири селекции, а понатаму ќе одат првите две од секоја група, и осумте најдобри третоплсирани, со што ќе ги формираат двојките во 1/16 финалето. Тоа е прва промена на форматот после СП 1998 во Франција, кога Мундијалот бил проширен од 24 на 32 селекции.
Сите конфедерации добија зголемен број на учесници, но УЕФА доби се чини најмалку. Така наместо досегашните 13, на идниот Мундијал ќе има 16 учесници од Европа. Наместо девет или десет квалификациски групи, Европа ќе има 12 групи по 4 или 5 репрезентации.
Од идната есен е планирана реформа во Лигата на Нации по која наместо досегашната пракса, само победникот да оди понатаму, сега од тоа натпреварување ќе напредуваат по две селекции од секоја група, и тие во 2025 година во март ќе се борат за Фајнл Фор.
На Мундијал патуваат победниците од сите 12 групи од квалификациите, а второпласираните ќе играат дополнителни квалификации со четирите најдобро рангирани екипи од Лигата на Нации кои не се пласирале. Тие 16 екипи низ мини турнир ќе се борат за уште четири места за потполнување на Мундијалот во март 2026.
Како стојат работите, сега Македонија е во третиот шешир за квалификациите за СП, и се чини таму ќе остане затоа што тешко може да напредува со оглед дека се наоѓа на „златната средина“.
How the pots for WC 2026 qualifiers would look like if Nov 2023 FIFA ranking was used.
Pot 1: 🇫🇷🏴🇧🇪🇳🇱🇵🇹🇪🇸🇮🇹🇭🇷🇩🇪🇨🇭🇩🇰🇺🇦
Pot 2: 🇦🇹🇸🇪🇭🇺🏴🇵🇱🇷🇸🏴🇹🇷🇨🇿🇷🇴🇳🇴🇸🇰
Pot 3: 🇬🇷🇸🇮🇫🇮🇮🇪🇦🇱🇲🇰🇧🇦🇲🇪🇮🇸🇬🇧🇮🇱🇬🇪
Pot 4: 🇧🇬🇱🇺🇦🇲🇧🇾🇰🇿🇽🇰🇦🇿🇪🇪🇨🇾🇫🇴🇱🇻🇱🇹
Pot 5: 🇲🇩🇦🇩🇲🇹🇬🇮🇱🇮🇸🇲Only group winners qualify directly.
🧵
— Football Meets Data (@fmeetsdata) November 23, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА