Се поголем интерес за Душан Влаховиќ

Српскиот интернационалец Душан Влаховиќ не е задоволен од статусот кој го има во Јувентус и од ден за ден е се поголема веројатноста дека ќе замине од торинскиот клуб и тоа по само сезона и пол.

За репрезентатиецот на нашиот северен сосед заинтересиран е Маурисио Покетино кој изразил голема желба за ангажмман во Челси, но во игра сега влезе и ПСЖ, пренесуваат италијанските медиуми.

ПСЖ е на прагот да остане без услугите на Килијан Мбапе, а на стартот на новиот проект Србинот е желба на раководството на клубот.

Сепак оној кој ќе биде конкретен во преговорите ќе мора и да издвои поголема сума на пари со оглед на тоа што Јувентус не сака да го продаде својот напаѓач по секоја цена. „Трансфермаркт“ го проценува Влаховиќ на 70 милиони евра, но очекувањата се дека и следниот трансфер ќе биде околку 80 милиони евра, сумата за која голгетерот се пресели во Торино.

Се вчитува...