Се поизвесно ново одложување на Игрите во Токио

Директорот на Организацискиот одбор на Олимписките игри во Токио, Харуки Такахаши изјави дека постои можност да дојде до ново одложување на игрите. Поради пандемијата од коронавирусот ЛОИ во Токио беа одложени за една година. Од тогаш цело време кружат гласини дека е можно ново нивно одложување, па дури и откажување во случај да не биде пронајдена вакцина за Ковид-19. Директорот на Организацискиот одбор Такахаши вели дека за жал можно е да дојде до нивно ново одложување.

„Правиме се како би можело игрите да се одржат во летото 2021 година. Неопходно е да го избегнеме нивното откажување бидејќи тоа на неверојатен начин би влијаело на економијата во Јапонија, но и во целиот свет. Сепак, ќе мора да соработуваме со Меѓународниот олимписки комитет како би можело да го договориме новото потенцијално одложување“, изјави Такахаши. 

Ова е првпат некој од организацискиот одбор да излезе со официјален став дека е можно ново одложување. Претходно, јапонскиот премиер Шинжо Абе и гувернерот на Токио Јурико Коике велеа само дека ќе се обидат игрите да ги „поедноставнат“ поради целата ситуација со коронавирусот.

Се вчитува...