Се појави снимка од навивачот кој беше удрен од Нејмар – Жестоко ги провоцирал фудбалерите на ПСЖ

Ѕвездата на Пари Сен Жермен, Нејмар ја шокираше јавноста на доделувањето на медалите во финалето на купот на Франција кој неговиот тим го загуби од Рен по изведување пенали, а Бразилецот влезе во конфликт со еден од навивачите. Додека одеше кон ложата еден од навивачите го провоцираше, а Нејмар одлучи да го удри.

Сепак, се појави снимка од телефонот на навивачот, кој е фан на Рен на која јасно се гледа дека тој ги провоцира фудбалерите на ПСЖ. Видеото го објави пи-арот на Нејмар, Алеш Бернардо кој сакаше да покаже дека бразилската ѕвезда добила жестоки навреди од страна на навивачот на Рен.

„Не сакам да говорам дали тоа беше правилен потег или не, но Нејмар беше испровоциран. Навивачот на Буфон му кажа дека преспор, на Верати дека е расиста, а на Нејмар дека е гад и дека мора да научи да игра фудбал. Провокациите се недозволиви. Логично е да фудбалерите на ПСЖ бидат нервозни, па уште и ваков идиот да ги провоцира. Сите го критикуваат Нејмар, а не гледам некој да го критикува навивачот на Рен“, напиша Бернардо.

 

 

 

View this post on Instagram

 

Não vou discutir se é a maneira mais correta de resolver o assunto. Mas que foi MERECIDO, foi ! Veja o que o “torcedor” falou E GRAVOU !! “Buffon você é retardado” “Kurzawa não quero seus cumprimentos” “Verratti racista” “Neymar, aprenda a jogar futebol” Este é o tipo de comportamento que não pode ser admitido. Jogadores de cabeça quente após perder uma final de campeonato e um IDIOTA provocando-os. Certinho ele, né ? Não li uma crítica ao comportamento desse “torcedor”. MERECEU ! . @neymarjr , como sempre, defendeu a si mesmo e a seus companheiros de ofensas. Quem o defenderá de ter ido em defesa dos companheiros de time ? Alguém ? #respeito #respect #neymar #neymarjr #njr

A post shared by Alex Bernardo (@alexbernardo_) on

Се вчитува...