Се помала е веројатноста дека Новак Ѓоковиќ ќе настапи на Австралија Опен

Се помала е веројатноста дека Новак Ѓоковиќ ќе настапи на првиот гренд-слем турнир на сезоната. Рестрикциите на организаторите на Австралија Опен кои налагаат во Мелбрун да настапат само вакцинирани тенисери создава сериозни проблеми во желбите на Србинот, а сега за тоа говореше и неговиот татко.

Според Срџан Ѓоковиќ секој треба да има право на избор, а на организаторите на Австралија Опен им порача да прекинат со заканите.

„Секој од нас има право да избере дали ќе се вакцинира. Никој нема право да влегува во нашата интимност. Не смеат организаторите вака да го напаѓаат освојувачот на девет титули. Дали ќе се појави таму зависи од нив, а јас би сакал тоа да се случи, но под притисок и вакви уцени тој најверојатно нема да игра“, вели таткото на Ѓоковиќ.

Се вчитува...