Се повреди уште еден дефанзивец на Баерн Минхен

На проблемите на Баерн Минхен со повредите на одбранбените фудбалери како да нема крај откако на листата на играчи на кои тренерот Флик нема да може да смета се приклучи и  Хави Мартинeз. Шпанскиот интнернационалец мораше да биде заменет во второто полувреме од денешниот дуел со Волфсбург, а Флик по мечот обелодени дека повредата не е нималку наивна.

„Тоа е сериозен проблем на мускулот, првоата прогноза на лекарите е дека паузата ќе изнесува најмалку шест седмици. Секако дека тоа е голем проблем за нас“ – изјави стратегот на баварскиот гигант.

Среќна околност за Баерн е што ќе следи пауза во Бундес-лигата, а возбудувањата во германскиот шампионат ќе продолжи на 18 јануари, кога Баерн ќе му гостува на тимот на Херта.

Само за потсетување, баварскиот гигант веќе подолго време настапува без Суле и Хернандез, кои на стартот од сезонава заработија тшеки повреди.

Се вчитува...