Интер забележа огромна победа на гостувањето против шампионот Наполи, но тренерот Инзаги се соочува со нови проблеми поради повредите на уште двајца дефанзивци.
Засилувањето Павар веќе е во аут и нема да може да се врати до крајот на годинава, а Инзаги по дуелот во Неапол ги загуби и Де Фрај и Дамфрис. Деталните прегледи покажаа дека станува збор за повреди на мускулите, за што е препорачана пауза од најмалку две седмици.
Ова значи дека холандските репрезентативци дефинитивно ќе ги пропуштат пресметките со Удинезе и со Реал Сосиедад, како и дуелот со Болоња од Купот на Италија. Во таборот на Интер се надеваат дека овие двајца фудбалери би можеле да се вратат за последните две средби од оваа календарска година, против Лече на 23 декември и против Џенова шест дена подоцна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА