Се распаѓа шампионскиот тим на Црвена Звезда: Калиниќ пред трансфер во Барселона

Црвена Звезда ја заврши сезонава со освојување на двојната круна во Србија и шампионскиот трофеј во АБА-лигата, но одбраната на овие трофеи ќе биде значително отежната по бројните заминувања од таборот на „црвено-белите“. Давидовац се пресели во ЦСКА Москва, Американецот Холинс кариерата ќе ја продолжи во Макаби, додека тренерот Радоњиќ е блиску до преземање на Панатинаикос.

Црвена Звезда ќе остане и без помошта на својот најдобар кошаркар, Никола Калиниќ, кој ги финализира преговорите со Барселона и летово дефинитивно ќе се пресели во таборот на каталонскиот гигант.

Тој има опција за заминување за отштета од 120.000 евра што ќе ја искористи, но проблем претставуваше фактот дека тој при ланското заминување од Валенсија се обврза овој клуб да има право да го врати назад во АЦБ-лигата. Барса мораше да преговара со Валенсија за укинување на оваа клаузула за да го доведе Србинот, за што каталонците беа принудени да му платат 250.000 евра за ривалот од шпанскиот шампионат.

Се вчитува...