Се разбуди и Тотенхем

Тотенхем конечно се разбуди и успеа да ја прекине серијата од три порази (два во Премиер-лигата, еден во Лигата на шампионите), откако „спарси“ попладнево триумфираа на гостувањето против Брајтон со 1-2.

Во израмнетото прво полувреме пресуден беше пеналот што беше оправдано досуден во самиот финиш, што Хари Кејн го претвори во водство на „спарси“ од 0-1. Ерик Ламела по влегувањето во игра во вториот дел успеа да зголеми на 0-2, а Брајтон во финишот само го ублажи поразот преку Нокерт во 93. минута.

Се вчитува...