Се разделуваат Барселона и Наваро

Легендарниот шпански кошаркар Хуан Карлос Наваро во следната саезона нема да биде дел од Барселона откако каталонскиот клуб му соопштил дека веќе не смета на него. 38-годишниот Наваро наводно сакал да одигра уште една сезона за клубот, но раководството сепак решило да направи промени. Наваро ќе треба да се бара нов клуб или со оглед на возраста да ја завршува кариерата.

Славниот шпански кошаркар целата кариера ја мина во Барселона. За првиот тим дебитираше во 1997 година. Една сезона беше дел од Мемфис.

Со Барселона, Наваро освои две евролигашки титули, во 2003 и во 2010 година. Во изминатата сезона, во Евролигата  имаше просек од шест поени по натпревар.

Според последните најави од Барселона, тренерот Светислав Пешиќ останува на клупата и во следната сезона.

 

Се вчитува...