Се разигра триото на ПСЖ, настрада Лориен

ПСЖ ја задржува убедливата предност во однос на ривалите во францускиот шампионат, откако „светците“ забележаа нова рутинска победа на домашен терен, овојпат над Лориен од 5-1. Воедно, ова беше прв меч на кој Мбапе, Меси и Нејмар успеаја да се запишат меѓу стрелците.

Серијата голови на „Паркот на принцовите“ ја отвори Нејмар, кој од петнаесетина метри рутински го совлада противничкиот голман. Потоа на сцена стапи Килијан Мбапе, кој ги постигна вториот и третиот погодок за ПСЖ, пред да му асистира на Меси за голот број 4 за „светците“. Точка на натпреварот стави Нејмар во 90. минута, со својот втор погодок.

ПСЖ е на чело на табелата со 68 бода, дури дванаесет повеќе во однос на второпласираниот Олимпик Марсеј.

Се вчитува...