Се разигра Жоао Феликс, Атлетико го реши Алавес

Атлетико Мадрид ја продолжи триумфалната серија во Ла Лига која сега изнесува шест победи, откако тимот на Диего Симеоне вечерва славеше над Алавес со 4-1, зацврстувајќи се на делот од табелата кој значи пласман во ЛШ за наредната сезона.

Во главна улога повторно беше Жоао Феликс, португалскиот ас кој долго се мачеше да се наметне кај Диего Симеоне, за во последно време да се наметне како лидер на нападот на Атлетико. Токму Португалецот го отвори резултатот со прекрасен удар со глава, а резултатот 1-0 гласеше се до средината на второто полувреме.

Ескаланте успеа да израмни за Алавес, но веднаш следеше нов гол за Атлетико, со пеналот на Луис Суарез откако Куња беше фаулиран во шеснаесетникот. Жоао Феликс ја заокружи својата одлична партија со нов погодок, а конечните 4-1 во самиот финиш ги постави Суарез, кој во второто полувреме го замени потпросечниот Антоан Гризман.

Се вчитува...