Се „роди“ Вардар 1961, со нови директори во клубот

Процедурата за формирање на ново Акционерску Друштво со името Вардар 1961 е комплетирана, со што и дефинитивно стартува ерата на ново раководење на Михајло Михајловски со најтрофејниот македонски ракометен колектив. Новото АД е формирано за заштита од долговите на старата управа предводена од Сергеј Самсоненко, а Михајловски веќе извесно време преговара со нови ракометари со кои би се составил конкуретен тим за новата сезона во Лигата на Шампионите.

Како што информира “faktor.mk”, паричниот влог и основната главнина е 25.000 евра, а Михајло Михајловски и официјално е регистриран за генерален менаџер на црвено-црните. Бизнисменот претходно најави дека ќе донесе во клубот партнери-помагатели, па така претседател на Одборот на директори е Бојан Јанев, додека неизвршен член на истиот е Благоја Лазаревски, двајцата членови на УО на Државна Лотарија на Македонија.

Досегашниот сопственик Сергеј Самсоненко има за обврска да ги подмири сите досегашни обврски и долгови кон ракометарите од изминатите сезони, за краен рок за исплата наведувајќи го крајот 2020 година.

Се вчитува...