Се руши ли вечерва „клетвата“? Зошто Роналдо не сака да игра на „Сан Сиро“!?

Големата италијанска дерби пресметка меѓу Милан и Јувентус вечерва во 12. коло од Серија А се игра на „Сан Сиро“.

Актуелниот шампион на Италија доаѓа во Милано за да ја продолжи победничката низа, но јасно е дека „росонерите“ не планираат предвремено предавање. Иако тимот на Џенаро Гатузо не пружа баш најдобри партии сезонава, за нив е најважно дека доаѓаат до победи па сега се дури и на четвртото место во Серија А со 21 бод, десет помалку од водечкиот Јувентус.

„Старата дама“ секако најголеми надежи полага во Кристијано Роналдо за кого ова е прво дерби против Милан откако игра за Јуве. Но, Роналдо веќе неколку пати го почувствувал „Сан Сиро“ во својата кариера и во пет меча на овој стадион никогаш не успеал да ја затресе противничката мрежа.

Роналдо во три наврати на овој терен играл против Милан, еднаш против Интер и една во финалето од Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид. Единствената победа неговиот тим ја запишал токму против Атлетико Мадрид, додека Милан и Интер биле неосвоиви тврдини за екипата во која играл Роналдо.

Сепак, Португалецот сега игра во одлична форма верувајќи дека вечерва може да ја сруши „клетвата“ за „Сан Сиро“ која ја има веќе 13 години.

Се вчитува...