Се сеќавате ли на најголемиот грабеж во историјата на ЛШ?

Андрес Иниеста постигна погодок во 93. минута за молк на „Стемфорд бриџ“, Барселона со тој гол се пласираше во финалето од Лигата на шампионите за сезоната 2008/09, но дуелот меѓу Челси и Барса одигран на денешен датум пред точно единаесет години останува запаметен како – најголем грабеж во историјата на ЛШ.

Се уште се свежи сеќавањата како Балак, Дрогба и останатите „ѕвезди“ на Челси трчаат по судијата Том Хенин Овребо, откако шведскиот арбитар со неколку одлуки катастрофално го оштети англискиот гигант, овозможувајќи им на каталонците во драматична завршница да израмнат на 1-1 и да се пласираат во финалето, каде подоцна го совладаа Манчестер Јунајтед и се закитија со титулата.

Пропусти имаше многу, а Обвребо не досуди најмалку три чисти пенали за Челси, додека на спротивната страна исто така направи грешка, неправедно исклучувајќи го Абидал. По тој меч шведскиот арбитар се жалеше дека добива смртни закани, а Барселона го доби прекарот Уефалона.

Се вчитува...