Се случи и тоа – Јокиќ го натера Шек да научи српски (ВИДЕО)

Никола Јокиќ одигра уште една „ѕверска“ партија во НБА лигата успевајќи во победата на Денвер Нагетс над Портланд Треилблејзерс да уфрли 41 поен.

По мечот тој доби пофалби од Шекил О’Нил, со кој Јокиќ не пропушти шанса да се нашали. Имено неодамна Шек на Србинот му се обрати на руски јазик, што Јокиќ се уште не му го има заборавено. Додека чекаше да му постави прашање, Јокиќ му дофрли дали тоа ќе биде на руски или на српски.

„Играш одлично“, се чу од телефонот на Шек на српски јазик.

Се вчитува...