Откако неодамна ги обновија договорите на младата ѕвезда Кенан Јилдиз и тренерот Лучано Спалети, Јувентус денес објави дека го продолжиле и договорот со капитенот Мануел Локатели. Новиот договор на играчот од средниот ред е со важност до летото 2030 година, и ќе заработува 4 милиони евра по сезона.
Италијанскиот репрезентативец се приклучи на својот омилен тим во летото 2021 годин. Потоа „Старата дама“ се договори со Сасуоло за двегодишна позајмица, по што плати околу 36 милиони евра за играчот од средниот ред. Досега, 28-годишникот има запишано вкупно 224 натпревари со 9 гола и 17 асистенции за гигантот од Торино.
„Сите се сеќаваме како, по неговото пристигнување во 2021 година, Мануел со голема емоција зборуваше дека отсекогаш бил навивач на Јувентус. Затоа, обновувањето на неговиот договор претставува природно продолжение на развојот на неговото лидерство на теренот, како и неговиот непоколеблив дух на Јувентус, кој е во целосна хармонија со вредностите и амбициите на нашиот клуб. Тоа е чекор напред кон давање цврстина и конзистентност на нашиот спортски проект со поглед кон иднината и со цел тимот да стане поконкурентен“, изјави извршниот директор Дамиен Комоли.
2️⃣0️⃣3️⃣0️⃣ ✍🏻
Official: Manuel Locatelli renews his contract ⚪⚫
🗞️➡️ https://t.co/xl17bYZhAU pic.twitter.com/RoCCXl3FJz
— JuventusFC 🇬🇧🇺🇸 (@juventusfcen) April 17, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
