„Се срамам од она што му го направив на Меси“

Ливерпул со чудесен пресврт ја совлада Барселона со 4-0, надополнувајќи ја негативата од три гола и пласирајќи се во финалето од Лигата на шампионите. Енди Робертсон одигра одлично во дефанзива на таа средба, но леиот бек на „црвените“ откри и детал со кој воопшто не се гордее, по еден дуел со Лионел Меси.

„Понекогаш на теренот се однесувам како навивач, а не како професионален фудбалер, тоа ми е проблем за кој сум свесен. Така беше и против Барса, заедно со Фабињо успеавме да го стигнеме Меси, двајцата завршивме на тревата, а јас при станувањето го искубев за косата. Нормално, тој не беше задоволен по овој мој потег, а јас никогаш не сум повторил, ниту пак ќе повторам такво нешто. Се срамам од она што му го направив на најдобриот фудбалер на денешницата“, истакна Робертсон.

Шкотскиот интернационалец има само најголеми комплименти за квалитетите на големата „ѕвезда“ на Барселона.

„На првиот меч го чував колку што можев, но тој даде два гола и сите зборуваа само за него. За мене тој е најдобриот на сите времиња, имаше ситуации кога двајца наши фудбалери го удираа, а Лео продолжуваше да трча. Застрашувачки е колку е квалитетен, за да го запрете морате да имате и многу среќа“, вели Енди Робертсон.

Се вчитува...