Еден од најголемите европски таленти, 19-годишниот македонски репрезентативец Елиф Елмас е во фокусот на вниманието на европските фудбалски гигант пред летниот преоден рок.
Ако се суди според се понагласените пишувања на турските, но и бројни европски медиуми, тогаш и дефинитивно е јасно дека Елмас ова лето ги напушта редовите на Фенербахче. За што се согласни и од турскиот клуб, ако се знае дека добро ќе заработат на македонскиот фудбалер.
Но, согласно последните информации, веќе е стеснат кругот на најсериозните кандидати за купување на „Дијамантот“.
Според турски „Фанатик“, Елмас и Фенербахче ќе одбираат меѓу англиски Тотенхем и европскиот шампион Реал Мадрид. Двата клуба, заедно со Интер, се најсериозни во намерите да го доведат Елмас со тоа што Тотенхем се јавува со сума и поголема од 20 милиони фунти, додека Реал Мадрид финансиски е со нешто потенка понуда – но „кралски клуб“ е „кралски клуб“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА