Се „тресе“ столчето на Спалети во Интер

Италијанскиот калчолигаш Интер западна во голема резултатска криза во Серија А и не знае за победа веќе подолг период. На последните шест натпревари „нероаѕурите“ имаат пет ремија и еден пораз, со што паднаа на четвртата позиција на табелата, иако имаа одличен старт на шампионатот. Раководството на клубот полека ја губи довербата во тренерот Лучијано Спалети, кој очигледно дека не може да ги смири и страстите на фудбалерите во соблекувалната.

Италијанските медиуми открија детали дека капитенот Мауро Икарди имал пресметка со Иван Перишиќ, а на страната на сонародникот се ставил и Марсело Брозовиќ. Сето ова наведува дека довербата во Лучијано Спалети е загубена и тој би можел многу брзо да добие отказ. Засега нема најави кој би можел да биде евентуалниот негов наследник на клупата на Интер.

Се вчитува...