Се во знакот на Баерн: Левандовски најдобар во Европа, Флик најдобар тренер…

Голгетерот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски сосема очекувано го доби признанието за најдобар фудбалер на Европа за сезоната 2019/2020 според изборот на УЕФА.

На свеченоста на ждрепката за групната фаза од ЛШ за новата сезона, Левандовски ја доби и наградата за најдобар напаѓач на сезоната.

„Ова е година која дефинитивно ќе ја паметам засекогаш без разлика и на проблемите со кои се соочивме поради пандемијата. Освоивме се што може да се освои, и сите мои индивидуални признанија се и заслуга на тимот. Ова е навистина многу значајно признание за мене кои го должам и на целиот колектив на Баерн“ – истакна Левандовски.

Да мине се во знакот на Баерн Минхен се погрижија и Мануел Нојер кој е најдобар голман на сезоната, додека признанието за најдобар тренер замина во рацете на првиот човек на баварскиот тим, Ханс Дитар Флик.

Кевин Де Брујн е најдобар фудбалер од средниот ред за изминатата 2019/2020 сезона во Лигата на шампионите. Џошуа Кимих, пак, е најдобар дефанзивец на сезоната.

Се вчитува...