Се враќа Надал, во Париз ќе го брани првото место на АТП од Ѓоковиќ

Лидерот на АТП листата, Рафаел Надал му се враќа на тенисот на Мастерсот во Париз и ќе се обиде да ја одбрани водечката позиција во пресрет на завршниот турнир од сезоната во Лондон. Шпанецот правеше пауза од септември кога поради болки во коленто се повлече од полуфиналето на УС Опен.

Мастерсот во Париз почнува денеска, Надал и Ѓоковиќ стартуваат во втората рунда. Кој од нив двајца ќе стигне подалеку на овој турнир ќе биде број еден на АТП листата на 5.ноември. Ако двајцата испадант во иста рунда, Надал ќе ја задржи првата позиција.

Запрев со тренинзите по УС Опен, потоа се враќав чекор по чекор. Ова ми се случувало и претходно. Ја знам постапката. знам кои работи се добри за мене“ – вели Надал во пресрет на последниот турнир од Мастерс 1000 серијата.

Покрај Надал и Ѓоковиќ, во Париз ќе се бори и Роџер Федерер. Од оваа тројка најмногу успеси во главниот француски град има Србинот кој има четири титули, Федерер има една, а Надал е без трофеј.

 

Се вчитува...