Се враќа прволигашкиот фудбал со дерби на Чаир: Шкупи го пречекува Вардар

Прволигашкиот фудбал се враќа после настапите на репрезентацијата на пријателските натпревари во Анталија, и веднаш со скопско дерби на Чаир. Екипата на Шкупи го пречекува Вардар во дербито на 25. коло.

Вардар оваа пролет бележи добри резултати, а ремито со Шкендија минатото коло го покажа тоа. Дербито е важно и за двата тима, Шкупи се бори за титулата, додека Вардар за опстанокот. Се очекуваат полни трибини денеска од 15 часот.

Денеска се игра и уште еден натпревар. Во Кавадарци, екипата на Тиквеш го пречекува тимот на Силекс, два тима кои во последно време играат добро. Се очекува да играат без калкулации, затоа што се безбедни од опасната зона, а немаат некакви шанси да се борат ниту за Европа преку прволигашките настапи.

ПМФЛ, 25. КОЛО

ДЕНЕСКА, 15:00 ЧАСОТ

Скопје, Чаир: ШКУПИ – ВАРДАР

Кавадарци: ТИКВЕШ – СИЛЕКС

НЕДЕЛА, 15:00 ЧАСОТ

Турново: АП БРЕРА – РАБОТНИЧКИ

Струга: СТРУГА ТЛ – ВОСКА

Тетово: ШКЕНДИЈА – БРЕГАЛНИЦА

Гостивар: ГОСТИВАР – МАКЕДОНИЈА ЃП

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...