Рубен Аморим наскоро се враќа на тренерската работа, ни помалку ни повеќе туку повторно во англиската Премиерлига.
Имено, по 14 месеци на Олд Трафорд, Аморим беше отпуштен од тренерската позиција на Манчестер Јунајтед во јануари.
Португалецот беше назначен за нов тренер на овој клуб во декември 2024 година, заменувајќи го Ерик тен Хаг. Победи само на 31,9% од своите натпревари во сите натпреварувања, што е најлошиот процент на победи на кој било постојан менаџер на Манчестер Јунајтед.
Откако го напушти Манчестер Јунајтед, Аморим се повлече од јавноста, но со нескриен „копнеж“ за нова работа.
Како што стојат работите, би можеле да го видиме неговото враќање во Премиерлигата уште ова лето, бидејќи се смета за еден од главните кандидати за преземање на клупата на Кристал Палас.
Аморим наводно е идеален кандидат за челниците на лондонскиот тим со оглед на тоа што Гласнер ќе го напушти клубот на крајот од сезоната.
Само неколку дена откако Аморим го напушти Манчестер Јунајтед, Гласнер потврди дека ќе го напушти Кристал Палас на крајот од сезоната по расправијата со раководството на клубот.
Сега Аморим е првото име што го сакаат од раководството на Кристал Палас. Доколку не успеат да го убедат да дојде, втора опција е сегашниот менаџер на Борнмут, Андони Ираола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

