Се враќаат старите цени за „Филип Втори“, се враќаат и клубовите да играат

Арената „Филип Втори“ повторно ќе се изнајмува по старите цени. Новиот ценовник сепак има премногу високи цени за македонските фудбалски клубови, и тоа го сфатија и претставниците на АДСДП. На денешниот состанок, со посредство на Агенцијата за млади и спорт, на кој учествуваа претставниците на АДСДП, Фудбалската федерација на Македонија, како и клубовите Вардар, Работнички и Шкендија, договорено е да се вратат старите цени. Откако ценовникот ќе биде вратен по старо, и ќе бидат усвоени измените, ќе ги нема веќе проблемите што се појавија во последниот период.

Работнички веќе овој викенд ќе биде домаќин на арената „Филип Втори“ на мечот против Академија Пандев, а потоа и Вардар ќе ја преиспита одлуката за да биде домаќин на „Борис Трајковски“ во Маџари.

Се вчитува...