Се врати магионичарот Милош Теодосиќ (ВИДЕО)

Милош Теодосиќ ја одигра својата најдобра партија во досегашниот дел од сезоната. Српскиот интернационалец кој се најде во центарот на вниманието со лошите настапи во Евролигата денеска ја предводеше Виртус Болоња до победа во италијанското дерби против Милано (59-64) со 15 поени на кои додаде и 4 асистенции.

А, на самиот крај на првото полувреме успеа да погоди и со звукот на сирената и тоа од речиси половина терен. Тројката на Теодосиќ брзо стана хит на социјалните мрежи.

Се вчитува...