Се врати по една година и освои злато на ЕП

Јакоб Ингебригтсен, приреди уште еден спортски спектакл освојувајќи ја титулата на 5.000 метри на Европското првенство во Бирмингем, иако зад себе имаше пауза од речиси една година без официјален настап.

Ингебригтсен немаше трчано уште од Светското првенство во Токио во 2025 година, по што во јануари годинава направи сериозна операција на левата Ахилова тетива. Сепак, долгата рехабилитација не остави никаква трага врз неговата форма.

Норвежанецот тактички мудро ја контролираше трката од водечката група. Најактивни на челото на колоната беа Французинот Жими Гресие и Германецот Флоријан Брем. Големата возбуда кулминираше на 150 метри пред целта кога Гресие тргна во силен напад. Ингебригтсен смирено го чекаше вистинскиот момент, по што со препознатлив, моќен финиш ги надмина ривалите и се искачи на европскиот трон.

Триумфираше со време 13:15.29 и стигна до четвртиот последователен европски наслов на 5.000 метри. Брем го освои среброто со 13:15.60, додека бронзата му припадна на Французинот Етјен Дагино со 13:16.09.

Се вчитува...