Се засилува и Блокотехна – две нови имиња во Гевгелија

Екипата на Блокотехна ги донесе и првите засилувања за наредната сезона, откако клубот од Гевгелија претходно го осигура останувањето на тројца кошаркари од ланскиот шампионат.

Нови имиња во тимот на Марјан Илиевски се Стефан Глигоријевиќ и Петар Николиќ, двајцата со македонско државјанство кои сигурно ќе му бидат од огромна помош на стручниот штаб во ситуација кога се зголемува бројот на задолжителни домашни играчи на терен.

Глигоријевиќ ланската сезона ја мина во Охрид, но летово реши да се пресели во Блокотехна, по одличните настапи што овој тим го имаше лани, освојувајќи го третото место во домашното првенство и стигнувајќи до Ф4 турнирот во БИБЛ-лигата.

Покрај него нов член е и Николиќ, борбениот бек кој последните неколку сезони ги мина во Работнички. Лани тој имаше минимална минутажа, со доаѓањето на Стајиќ стана јасно дека за него ќе нема место во бековската линија крај Мираковски и Караџовски, па од неколкуте понуди овој кошаркар ја избра токму онаа на Блокотехна.

Се вчитува...