Се зголемува интересот за Несторовски: Пoκрај Лече, во трката и Монца и Кротоне

Илија Несторовски во јануари би можел да ја промени средината и да замине од Удинезе. Се зголемува интересот за голгетерот. Лече засега е фаворит за потписот, но во трката се вклучија и Монца и Кротоне.

Несторовски откако се врати од повредата, почесто е на клупата, и тоа е главна причина поради која може да си замине во средина во која ќе добива поголема минутажа.

Несторовски веќе долго време е во Италија. Претходно играше и за Палермо. Тој го пропушти настапот на ЕВРО 2020 кое се одржа оваа година поради тешка повреда од која се опорави и сега е подготвен за настап.

Се вчитува...