Сеад Колашинац се враќа во Бундеслигата

Репрезентативецот на Боснаи и Херцеговина Сеад Колашинац е пред враќање во Бундеслигата. Баер Леверкузен е прв кандидат за неговиот потпис кој би вредел околу 10 милиони евра. Касата на „фармацевтите“ е полна по трансферот на Каи Хаверц во Челси, па затоа тимот се насочува кон зголемување на ростерот за новата сезона во која ќе се обидат да бидат дел од првите четири во Бундеслигата.
Колашинац во Бундеслигата пет години настапуваше за Шалке 04, тим за кој запиша 94 настапи на кои постигна 2 гола. Во 2017 премина во Арсенал, а за „топчиите“ досега одигра 77 натпревари, а двапати се запиша во листата на стрелците.

Се вчитува...