Себастијан Фетел позитивен на коронавирус, нема да вози во Бахраин

Возачот на Астон Мартин, Себастијан Фетел нема да се најде на првата трка во овогодинешниот шампионат во Бахраин, соопшти неговиот тим.

Фетел на последните тестирања бил позитивен на коронавирусот, што значи дека ќе мора да оди во изолација. Германецот нема да може да биде на првата трка, а неговото место ќе го заземе Нико Хулкенберг.

Хулкенберг веќе две сезони е во Астон Мартин како резервен возач.

Сезоната почнува на 20. март со првата трка. Утре се возат првите два тренинга, а квалификациите се закажани за сабота. Во недела се вози главната трка за ГН на Бахраин.

Се вчитува...