Седлоски: Благодарност до играчите и до навивачите, остваривме важна победа

Шефот на стручниот штаб на Шкупи Гоце Седлоски, искажа задоволство од победата над Ренова, со која чаирскиот тим се зацврсти на првото место на табелата и сега има пет бодови предност во однос на тетовските „сино-бели“.

Победата ја донесоа головите на Адетунџе и на Алварез, а Ренова само успеа да намали.

Седлоски се заблагодари и на играчите и на навивачите за триумфот.

„Сакам да им се заблагодарам на играчите кои дадоа се од себе. Од наша страна беше одлично одигран натпреварот, иако можевме да постигнеме гол во првото полувреме бидејќи имавме многу добри шанси. Но, не смееме да заборавиме дека игравме против силна екипа како Ренова. Многу сум среќен за резултатот и победата. Сакам да им се заблагодарам и на навивачите за поддршката. Овие 3 бода беа многу важни, и успеавме да ги добиеме“, рече Седлоски.

Се вчитува...