Седлоски на клупата на хрватска Горица!?

Гоце Седлоски по завршувањето на соработката со Работнички е пред враќање во шампионатот на Хрватска, овој пат како нов предводник на тимот на Горица.

Како што дознава ЕКИПА, Седлоски има понуда од новата сезона да биде нов шеф на стручниот штаб на Горица, кој сезонава е во златната средина на елитното друштво во хрватскиот фудбал. Од клубот планираат промена на актуелниот стручен штаб, а едно од имињата за кои размислуваат како нов тренер е и поранешниот стратег на Вардар, Рига, Шкупи и Широки брег.

Пред две сезони, Горица беше предводена и од поранешниот македонски селектор Игор Ангеловски кој го напушти клубот по само десет меча во кои не успеа да запише ниту една победа во шампионатот на Хрватска.

Се вчитува...