Седлоски: Горди сме што сме први, но ништо не е готово…

Шкупи триумфираше на гостувањето против Борец за успешно заокружување на првиот дел од сезоната, во кој прволигашот од Чаир имаше извонредни резултати. Бројките говорат доволно, на 18 натпревари тимот на Шкупи има 13 победи, три реми и два порази, со импресивна гол-разлика 43-11 и апсолутно заслужена есенска титула за овој тим.

Тренерот Гоце Седлоски има причина да биде презадоволен од оствареното досега, но екс-тренерот на Вардар предупредува дека овие успеси не смеат да доведат до „летање во облаци“ бидејќи најважниот дел од сезоната допрва следи.

„На крајот од овој прв дел на сезоната, сакам да им се заблагодарам на сите за добрата работа, почнувајќи од играчите, преку стручниот штаб и претседателот, до навивачите кои навистина беа наш дванаесетти играч на натпреварите. Пресреќен сум што моментно сме први на табелата, но ништо не е готово, има уште многу да се игра и уште многу натпревари на кои треба да се победи. Сега пред нас е пауза, би сакал фудбалерите да се одморат и да се вратат уште посилни, бидејќи имаме уште многу работа до крајот на сезоната“, истакна Седлоски.

Се вчитува...