Седлоски и Широки брег во шок: Од инфаркт почина 23-годишниот голман на клубот

Шокантна информација ги дочека попладнево сите во редовите на босанскиот прволигаш Широки брег чиј тренер е Гоце Седлоски. Почина младиот голман на тимот, 23-годишниот Крешимир Бандиќ по доживеан инфаркт.

Според неофицијалните информации Бандиќ починал попладнево како последица на инфаркт сосема неочекувано, додека бил во посета на пријател во Мостар.

Младиот голман, под палката на македонскиот стратег Гоце Седлоски, сезонава имаше три настапи во Премиер лигата на БиХ. Фудбалски потекнува од школата на Зрински, а од почетокот на 2018 година е во Широки брег.

Се вчитува...